Arginine PowerCreatine Monohydrate

Protein Isolate
View Full-Size Image


Protein Isolate

Cena: 1 500.00 ден


Ви го претставуваме Ultimate Nutrition Protein Isolate, Isolate протеинот од пченица. Протеинот е еден од најважните додатоци во исхраната кај спортистите и незаменлив е кај оние кои имаат долготрајни и интензивни тренинзи. Протеинот е гориво за мускулниот раст, мускулната маса и тонус. Односно протеинот е есенцијален за раст и развој на целиот организам. Протеинот од пченица ги задоволува потребите како и протеинот од млеко само што не содржи лактоза и холестерол.

Голема полза од овој протеин имаат спортистите вегетаријанци кои не внесуваат млечни производи ниту намирници од животинско потекло.

Протеинот од пченица содржи глутаминска киселина која може да се спореди по состав како кај протеините кои се на база на млеко, во една доза има 6460 мг. глутамин. Овој Isolate протеин е збогатен со ензими кои ја зголемуваат апсорпцијата на хранливи материи. Сервингот содржи 20 грама протеин, само 1 гр. шеќер и не содржи лактоза и холестерол.

Ultimate Nutrition го користи изолатот со највисок степен на чистина и квалитет. Поради тоа што содржи глутамин и глутамински киселини зголемена е и продажбата на изолат протеинот од пченица. За време на физичките напори доаѓа до намалување на глутаминските залихи во организмот, па поради тоа потребно е да се обнови внесот на глутамин преку квалитетен извор.

Дигачите на тегови и бодибилдерите знаат дека глутаминот е од големо значење за градба на мускулна маса затоа што е задолжен за достава на азотни материи таму каде што е потребно. Секој кој дига тегови знае дека позитивниот азотен баланс е неопходен за изградба на мускули. Глутаминот е антикатаболик кој го намалува нивото на разградување на мускулите така што мускулите го задржуваат тонусот и волуменот и после напорни тренинзи. Исто така му помага на организмот природно да го зголеми лачењето на хормонот за раст кој е задолжен за многу функции во организмот како и за намалување на масти, зголемување на чиста мускулна маса и појачување на густината на коските.

Воедно ја намалува млечната киселина во мускулите со што самиот мускул потешко се заморува. Protein Isolate најмногу го користат спортистите, бодибилдерите и секој оној кој сака да ја збогати својата протеинска исхрана.

Пакување 1,36 кг.







КАТЕГОРИИ

Developed by JoomVision.com